Децата од градинката „Пролет“ во Карпош се дружеа со специјалците од Единицата за брзо распоредување

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Децата од Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“ – Карпош, деенска беа во посета на базата на Единицата за брзо распоредување, во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Реализираната посета е согласно програмските определби на установата во рамки на кои е предвидено најмладите поблиску да се запознаат со дел од професиите, во случајот со професијата полициски службеник – припадник на Одделот за специјални полициски операции, соопшти МВР.


Во текот на посетата децата имаа можност во непосреден контакт со припадниците на ЕБР да слушнат за задачите на оваа единица, компетенциите кои се неопходни за да се биде дел од неа, но и образовните предизвици и физичката кондиција кои овие припадници мора да ги имаат и континуирано да ги одржуваат за да бидат секогаш подготвени за извршување на најтешките полициски задачи во интерес на безбедноста на граѓаните. Најмладите воедно се запознаа и со дел од опремата и специјалните возила кои ги користат припадниците на ЕБР во текот на извршувањето на своите задачи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK