Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од бр.77 до бр.109 – непарни броеви во Општина Аеродром.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на затварач од ф – 80 мм на бул. „Јане Сандански“ бр.85
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.