Без вода дел од бул „Трета македонска бригада“


Поради менување на вентил во шахта, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, вклучително и објектите на Агенцијата за национална безбедност и „Жито Лукс“.


 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до санација на дефектот, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.