Арсовска на увид на реконструкција на улица во Шуто Оризари

Suto Orizari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката Данела Арсовска, денес изврши увид на текот на градежните работи на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада,  во Општината  Шуто Оризари.

По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, започнаa со градежни активности за реконструкција на улицата 38, во општина Шуто Оризари во должина од 450 метри на површина од 1800 метри квадратни.



-Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.
Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности е во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK