Синдикатот на правосудството при САДУ реагира на одлуката за нерамномерно зголемување на додатоците на плата


Синдикалната организација на правосудството при Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ), кој е дел од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), денеска изрази назадоволство од одлуката на Судскиот буџетски совет за зголемување на додатоците на плата за 10 проценти за судиите и само пет проценти за судските службеници.

Претседателот на синдикалната организација Драган Јосевски попладнево пред Основниот суд Скопје 1 изјави дека ваквата одлука е штетна и потценувачка за вработените во судската служба.

– Како Синдикат не се согласуваме ниту со предлогот на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници за процентуално зголемување. Како Синдикат размислуваме и ќе понудиме номинално единство, односно да се избалансира распределбата на додатоците на плата. Треба два до три пати да се зголемат додатоците на плата на судските службеници во однос на судиите, рече Јосевски.

Во однос на најавите за бел штрајк на Синдикатот на УПОЗ, Јосевски вели дека тие како синдикална организација се за црн штрајк.

– Ја поздравуваме заложбата на УПОЗ и Здружението на судската служба кои ја детектирале оваа понижувачка положба на судските службеници, меѓутоа начинот ни се разликува, изјави Јосевски, обвинувајќи дека претставници  на УПОЗ во февруари го уништиле еднодневниот штрајк што го организирале.

Барањата ќе го достават до надлежните институции, а доколку не имаат позитивен одговор, тогаш вели тој, штрајкот е регитимно право за борба на правата на работниците.

Балкан

„Macedonia the GReat“ колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, […]

Вести

Две лица во Кина заразени со пневмонична чума

Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразени со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица почина во истиот регион од чума. Двајцата пациенти од автономниот регион на Внатрешна […]

Вести

Италија подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција

Италија е подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција откако висината на брановите во тој град достигнаа 1,87 метри, поплавувајќи ја историската базилика и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата. Повеќе од 80 […]