Синдикатот бара поставување професионални кадри на раководните места во ЦУК



Синдикатот бара поставување професионални кадри на раководните места во ЦУК - МИА

Скопје, 18 септември 2020 () – Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи бара поставување професионалци и непартиски личности за директори и заменици во ЦУК, луѓе од сферата на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент.


 

– Со тоа професионално ќе се решаваат работите во органот на државата, а истовремено ќе се изедначи ЦУК, како орган на Владата, во поглед на поставувањето први луѓе на ЦУК, на пример, со Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Потоа и стандардот на вработените е потребно да оди во прогресија во тој поглед, се наведува во отвореното писмо од Синдикатот на ЦУК.