Штипскиот Музеј изготви проект за локалитетот Кале кај Крупиште

arheoloshko naogjalishte krupishte
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во депото на штипскиот Музеј се чува каменот на коj се испишани букви од глаголицата, што  чека да се конзервира, како и црквата што е истражена пред две години на локалитетот Кале, кај селото Крупиште на 20 километри од Штип.

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов вели дека имаат изготвено проект како овој локалитет што се простира на површина од осум хектари да биде достапен за туристите. Посочува дека средства за реализација на проектот, освен од ресорното министерство, ќе бараат и од фондации. Месното население сведочи дека туристи доаѓаат, но без соодветна сигнализација тешко може да се најде и да се пристигне до него, бидејќи се наоѓа во поле со оризни ниви.


– Значи овде се повеќе од десеттина цркви во  еден мал простор, меѓутоа оваа истражената е најспецифична. Кога ќе се конзервира и ќе се искомбинира со туристичка понуда тогаш ќе бидеме поатрактивни. Во овој момент ние и да сакаме да презентираме не можеме, таква е состојбата, тоа се оризови полиња, вели Штерјов.

Штерјов нагласува дека се уште со сигурност не може да се потврди дали на локалитетот Кале кај селото Крупиште се напишани буквите аз, буки, веди, дел од првата словенска азбука глаголицата од страна на Кирил, а неговиот брат Методиј бил епископ во градот Равен. Археолошките истражувања на Блага Алексова пред 39 години, но и од пред две години на штипските археолози потврдуваат дека на овој локалитет писменоста постоела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK