Северна Македонија прва определи операторот на енергетскиот пазарот во согласност со регулативата ЦАЦМ на ЕУ


Северна Македонија прва определи операторот на енергетскиот пазарот во согласност со регулативата ЦАЦМ на ЕУ - МИА

Брисел, 15 септември 2020 () – Секретаријатот на енергетската заедница ја поздравува одлуката на македонската Влада за определување на МЕМО ДОО за оператор на организираниот пазар на електрична енергија во Северна Македонија.

– Со оваа одлука, MEMO стана првиот оператор на пазарот на Енергетската заедница што е определен во согласност со регулативата на ЕУ за распределба на капацитетите и регулирање на преоптовареноста (ЦAЦM), наведува Секретаријатот.

Со ова ќе се поддржи имплементацијата на проектот за спојување на енергетските пазари на Северна Македонија и Бугарија, под покровителство на Секретаријатот, предвиден за третиот квартал на 2021 година.

– Одлуката е донесена во согласност со владината уредба за работа на оператор на организирниот пазар, вклучувајќи ги и потребните технички, персонални и финансиски услови, усвоена на 29 октомври 2019 година. Уредбата целосно ја импелментира препораката на Регулаторниот одбор на Енергетската заедница за определување номиниран оператор на пазарот на електрична енергија во согласност со ЦАЦМ регулативата, наведува Секретаријатот.

Енергетската заедница посочува дека како следен чекор MEMO ќе започне тендерска постапка за избор на врштител на услуги за платформата за тргување на дневниот пазар.

– Воспоставувањето и операционализацијата на MEMO како организиран оператор на пазарот на електрична енергија во Северна Македонија беше поддржано со проекти за техничка помош во рамките на иницијативата за поврзување на регионалниот енергетски пазар, спроведена од Секретаријатот на енергетската заедница и финансирана од Европската комисија, додава Секретаријатот на енергетската заедница.


Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

– Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Припадниците на Армијата нема да бидат […]

Вести

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

– Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*