Сервер: Северна Македонија требаше многу порано да добие датум, од неа зависи кога ќе стане полноправна членка


Датумот за почеток на пристапните преговори со ЕУ Северна Македонија требаше да го добие многу порано, но „многу подобро подоцна отколку никогаш“, изјави за МИА Даниел Сервер, експерт за Балканот, кој предава напредни меѓународни студии во реномиранот вашингтонски универзитет „Џон Хопкинс“.

На прашање кога тој очекува земјата да стане полноправна членка на ЕУ, одговори дека тоа целосно зависи од Скопје.

-Претстои многу работа, да се испреговараат, применат и имплементираат акиата (aquis communautaire). Северна Македонија се покажа добра во пишување на законите, но заостанува во имплементацијата, изјави тој.

Смета дека за да се исполнат сите овие задачи, ќе бидат потребни повеќе години.

Тој смета дека и покрај тоа што Брисел даде зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, Русија и понатаму ќе продолжи со кампањата на наметнување свое влијание во регионот.

Руското влијание во регионот се засили откако Црна Гора и Србија ги започнаа преговорите за членство со ЕУ, првата во 2012 година, втората во 2014 година, а Сервер се надева дека со даденото зелено светло за преговори со Македонија и Албанија, ЕУ ќе ги засили напорите да се наметне како клучен фактор во регионот.

-Но Русија ќе продолжи да прави се што е во нејзина моќ да создава пречки и конфузија, изјави тој.


Вести

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

Интегрален текст од прес конференција – Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕПочитувани, Има ли некој кој верува дека денес е Македонија на прав пат? Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони […]

Вести

Пациентка од Струга почина од Ковид-19, 22 нови случаи, вкупно заболени 241 лице

– Дваесет и два нови случаи на заболени од коронавирус се регистрирани изминатите 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство. По градови во Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), […]

Вести

Чулев: Во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

– Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на […]