Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска на комеморација во спомен на жртвите во пожарот во Сардинија, што се случи пред 40 години, а во кој девет лица го загубија животот на ридот Кураџо на Сардинија, рече дека таквите настани мора секого да го натераат да размисли за потребата од почитување на животната средина и природата.
„Мораме да го увидиме значењето на скапоцениот ресурс и богатство на Сардинија и на целата земја, кои треба да бидат ригорозно заштитени преку постојана посветеност на грижата за територијата и насочени превентивни активности“, рече Матарела, пренесоа италијанските медиуми.
Пред точно 40 години, потсети шефот на државата, во пожар со невообичаени размери животот го загубија девет лица кои се обидуваа да го спречат неговото ширење и да ја заштитат куќата, а 15 лица беа повредени.