Селото Врбица беше 100 посто загрозено, го спасија авионите и пожарникарите, вели жител на селото

zitel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селото Врбица, во Општина Чешиново-Облешево, беше 100 посто загрозено во денешниот пожар. Без авионите, хеликоптерите и пожарникарите ќе изгореше, вели Стојан Ристов жител на селото.


Тој кажа дека во опасност биле и самите пожарникари.

Пожарот избувна денес на ридот близу Манастирот Свети Ѓорѓија, во близина на селата Врбица и Соколарци.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека тревата горела многу бргу и огнот се заканувал кон населеното место, па ангажирани беа ертракторите, хеликоптерот на МВР, а пожарот се гаснеше и од земја.

Три екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани итно беа упатени на терен, а повикани беа и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Како што објаснија од ЦУК, пожарот имал повеќе кракови, а променливиот ветер и по правец и по силина ги разгорувал на различни страни.

„Со воздухопловите – прво со „ер тракторите“ на ДЗС, па цело време со хеликоптерите на МВР и пожарникарите по земја, моментно се одлучуваше и се одеше од крак до крак и се гаснеше со мали мобилни тимови директно место по место“, велат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK