Седумнаесет пациенти со симптоми на грип хоспитализирани на Детската клиника


– Седумнаесет пациенти со симптоми на грип се хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести. Не се сите пациенти со компликации. Имаше две деца хоспитализирани со потешка форма на бронхопневмонија од компликации од грип. Понекогаш децата имаат болки во зглобовите, во мускулите, во коските, а едно дете е со докажан енцефалит, изјави денеска директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска.



Посочи дека немаат пациенти со грип кои се на механичка вентилација.

Во врска со девојчето кое вчера почина на Клиниката од компликации од грип, таа рече дека тоа имало хронична болест, енцефалопатија и церебрална парализа.

– Почина со пневмонија како компликација од грип. Детето беше долги години пациент на Клиниката, а со грип беше лекувано два дена, додаде д-р Најдановска Алулоска, одговарајќи на новинарско прашање пред стручната презентација на тема „Леукемија болест што се лекува“, што се одржа на Медицинскиот факултет.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]