СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството како многу важен сегмент. Од една страна, преку бројни капитални инвестиции создаваме подобри услови за лекување на граѓаните, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
„Само овие неколку денови клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ. Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника. На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала, со што се заокружува еден процес кој значи осовременување капацитетите за лекување, интервенции и закрепнување на пациентите. Со инвестиција од 15 милиони денари, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа. Новата Клиника во Козле, од Институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво. Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и други клиники, поликникики и болници ширум државата. Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра. Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети на Владата предводена од СДСМ. Тој процес не застана ниту во време на најголема здравствена и економска криза, и затоа во изминатиот период се пуштени во употреба голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата. Од друга страна СДСМ ги покачи плати за здравствените работници и лекарите. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. Така и ќе продолжиме, платите ќе растат во здравството и понатаму, рече Коциќ.