СДСМ: Нема подобар квалитет на живот од членство во ЕУ, а Мицкоски тоа го кочи

thumbnail_Hristijan-Mickoski-13.07.2023.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Тврдењето на Христијан Мицкоски дека уставните измени во овој момент не се важни затоа што ДПМНЕ се занимава со квалитетот на животот на граѓаните се лажни, провидни и немаат никаква врска со реалноста“, велат од СДСМ.


„Нема поголема гаранција за подобар квалитет на живот за сите категории граѓани од членството во ЕУ.

Полноправното членство во ЕУ значи слободен пристап до пазар од 500 милиони потошувачи, пристап до нови, зголемени европски фондови и можност за влез на нови инвестиции, нови технологии и знаења“, соопшти СДСМ.

„Токму Мицкоски го кочи сето тоа, прво затоа што не му е гајле за граѓаните, а второ затоа што е посветен на блокади и деструкции и дејствува на штета на државните и националните интереси.

СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со европскиот блок ќе стори се за да ги надмине блокадите на Мицкоски и ДПМНЕ и да ја обезбеди европската иднина на државата“, се додава во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK