Економски мерки и политики на СДСМ дадоа резултат, велат од СДСМ.
„Стапката на инфлација во декември 2023 година е намалена на 3,6%. Оваа стапка е за околу пет пати пониска во однос на декември 2022 година, кога изнесуваше 18,7%“, додаваат од СДСМ.
Според нив, СДСМ го заштити стандардот на граѓаните, со креирање и реализација на мерки како одговор на високите стапки на инфлација предизвикани од економската и енергетската криза.
„СДСМ продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните“, завршуваат од СДСМ.