СДСМ почна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ.
„Европски фронт за европски стандарди и европски вредности, за подобар, достоинствен живот дома, со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, подобар животен стандард, подобро образование, здравство, социјална сигурност, владеење на правото и унапредена демократија.
СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт, за заедничко остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година.
Пред нашата земја и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.
СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година“, велат од СДСМ.