РСБСП со порака: За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај- поддржувајте алтернативни форми на мобилност


 

.,,European Mobility Week,, – „Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која Европската комисија почнувајќи од 2002 година, ја спроведува  во периодот од 16 до 22 септември секоја година. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз.

Алтернативните форми на мобилност носат многу позитивни придобивки како за поединците кои ги користат, така и за заедницата и слободно може да се каже  дека тоа се економски, еколошки и енергетски нај одржливите и најефикасни форми на мобилност и наша обврска е како поединци, како институции и како општество, активно да ги поддржуваме и стимулираме.

Согласно со тоа,  РСБСП со потсетување кои се придобивките од користењето на алтернативните форми на мобилност:

  • Според истражувањата на реномирани меѓународни организации, лицата кои пешачат и возат велосипед живеат во просек две години повеќе од оние  кои не  пешачат и не возат велосипед и земаат 15% помалку  денови за боледување.
  • Возењето велосипед согорува 600 калории на час. Возењето велосипед неколку пати неделно го намалува крвниот притисок, а истовремено ви ја зголемува енергијата.
  • Возењето велосипед и пешачењето прави да се чувствувате помлади и ве ослободува од стресот со кои секојдневно се соочувате.
  • Пешачењето и возењето велосипед е во хармонија со природата.  Придонесува за здрава животна средина, намалено загадување, намален сообраќаен метеж и намалена бучавост.
  • Истражувањата покажуваат дека на растојание до 5 километри, во урбана средина,  велосипедот е доминантно  превозно средство во однос на автомобилот од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување на посакуваната дестинација  и од аспект на  полесно паркирање.
  • Паркингот за велосипеди е секогаш достапен, бесплатен и одзема многу помалку простор.
  • Со пешачење и со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство заштедувате многу пари за скапо гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поефтина опција, отколку купувањето автомобил.
  • Возењето велосипед, пешачењето и користењето на јавниот превоз создава пријателства и ја подобрува комуникацијата со луѓето и со околината.
  • Статистичките податоци покажуваат дека ако се земаат во предвид бројот на поминати километри и бројот на пренесени патници, јавниот превоз е најбезбеден начин за пристигнување до посакуваната дестинација.
  • Јавниот превоз е редовен и загарантиран. Со користењето на јавниот превоз се елиминираат ризиците кои може да го загрозат патувањето како техничка неисправност на возилото, откажување на возилото на пат, итн.

Согласно наведеното, користењето на алтернативните форми на мобилност треба да биде ваша секојдневна, позитивна навика од која добиваат сите,  а најмногу вие самите.

РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот да бидат безбедни во сообраќајот и да користат алтернативни форми на мобилност – пешачење, велосипедизам и користење на јавен превоз. За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај- користете и поддржувајте алтернативни форми на мобилност.


Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата - МИА
Вести

Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата

  Тетово, 8 април 2020 () – Голем дел пензионери се соочуваат со повеќе предизивици поради коронавирусот – како да го сочуваат здравјето, да обезбедат медицинска нега за хроничните болести, да земат пензија, да се […]

Полициски час од денеска од 16 до 5 часот, издадени 27 илјади дозволи за движење - МИА
Вести

Полициски час од денеска од 16 до 5 часот, издадени 27 илјади дозволи за движење

Скопје, 8 април 2020 () – Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд (сабота […]

Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус - МИА
Вести

Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Кочани, 7 април 2019 () – Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев денеска добил известување дека е позитивен на коронавирус, откако заедно со сопругата направил две тестирања на приватните клиники „Систина“ и „Филип Втори“ во […]