Ревитализација на спортскиот центар „Јасмин” во Кавадарци


–  Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа информира дека се ревитализира дел од спортскиот центар „Јасмин” во Кавадарци, односно се врши реконструкција на јавното осветлување со цел да се подобри видливоста во ноќните часови.

– На постоечките 14 канделабри ќе се постават нови лед светилки со што ќе се подобри осветлувањето. Поради проширување на атлетската патека на западната страна од теренот, се изврши поместување на четири канделабри за 70 сантиметри кон оградата, соопштија од прес – службата при општината.

Согласно проектот, како што посочуваат, ќе се изврши ревитализација и подобрување на подземната електрична мрежа, а ќе се постават изводи и за приклучување на дополнителни рефлектори.

Патеката од внатрешната и надворешната страна ќе биде оградена со нови ивичници, во вкупна должина од 845 метри.

– Во тек е поставувањето на ивичниците кои треба да ја оформат новата контура на атлетската патека. Воедно на западната страна ќе се изврши проширување на патеката и нејзино продолжување кон север, за да се оформи патека за трка на 100 метри, нагласија од Службата за односи со јавноста при општината.


Вести

На шверцерски начин донесен Законот за јавно обвинителство

– Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, […]

Вести

Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

– Со задоцнување од час и половина, почна 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и […]

Вести

Повеќе од еден час доцни седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

– Во секој момент се очекува да почне 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и […]