РЕТРО Повторно висока бројка на заразени, границите на ЕУ затворени за македонските граѓани


РЕТРО Повторно висока бројка на заразени, границите на ЕУ затворени за македонските граѓани - МИА

Скопје, 1 јули 2020 () – Нови 126 случаи со Ковид-19 се регистрани во земјава во текот на изминатото деноноќие меѓу кои и новороденче и неговата мајка од Штип, како и четири болничарки и три медицински сестри од Прилепското гинеколошко-акушерско одделение. Поради зголемениот број на новозаразени во последните денови земјава не ги исполнува епидемиолошките критериуми на Европската Унија и нејзините граници остануваат затвоени за македонските државјани.

Согласно одлуките на ЕУ, и Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани на нејзината територија, па така иако од денеска ќе биде отворен граничниот премин Евзони дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти. Повторнио ревидирање на одлуката е најавено за 15 дена врз основа на епидемиолошката состојба.

Најмногу од новодијагностицираните со коронавирусот 66 се од Скопје, 19 од Тетово, 15 од Штип, шест од Куманово, четири од Кавадарци, по три од Прилеп и Ресен, по два заболени има во Струга, Велес, Гостивар и Пробиштип и по еден во Битола и Свети Николе.

Починати се четворица пациенти, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, а Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти 43 од Скопје, три од Ресен и по еден од Штип и Битола.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

Гостиварскиот градоначалник и претседател на Општинскиот кризен штаб Арбен Таравари очекува влошување на состојбата со пандемијата во земјава по изборите, а како причина за тоа го наведува непридржувањето на протоколите за заштита од ширење на коронавирусот за време на предизборната кампања

– Мој впечаток, е и за жал можам да констатирам дека речиси никој не се придржува кон протоколите. Јас лично и во партијата каде што членувам ги почитуваме и го одржуваме пропишанотo растојание меѓу столчињата, меѓутоа повотрно има групирање на луѓе, а тоа е многу загрижувачко. Оваа појава не е присутна само во Гостивар, туку и секаде низ државата. Однесувањето за време на кампањата ќе ги даде резултатите за еден месец, оцени вчера Таравари.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*