Рекорден процент на новозаразени, Владата ќе одлучува за ограничено работно време на кафеаните



ript>


 

Рекордни 42 проценти од тестираните, вчера беа потврдени како позитивни на коронавирус во земјата. Министерството за здравство информираше дека новозаразени се 565 лица од 1.325 тестирања. Починаа уште 21 лице, од кои најмладиот на 45 години, а оздравеле 154 пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, бројката на оздравени пациенти е 21.244, на починати е 1.025, а бројот на активни случаи изнесува 10.728.

На клиниките хоспитализрани се над 700 пациенти.

На предлог на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, денеска Владата ќе одлучува за допополнително ограничување на работното време на угостителските објекти, кои наместо до 23 часот би работеле до 21 часот.

Од вчера во државава се врши тестирање со брзи тестови. Од најавените 13.000 брзи тестови пристигнаа 4.000 , а останатите се очекува да бидат испорачани дополнително. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните, а ќе бидат распоредени низ 13- те болници во државата. Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче ќе биде купена и дополнителна количина тестови.