Регистрирани 45 нови, оздрваени 86 и седум починати од КОВИД-19


Унгарија ги олабави мерките за влез на државјаните од три земји - МИА

Скопје, 21 септември 2020 () – Во последните 24 часа направени се 552 тестирања и регистрирани се 45 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 86 пациенти, а седум лица се починати, информира Министерството за здравство.

Од ново регистирираните случаи десет се во Скопје, девет во Кочани, по пет во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, двајца во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 86 оздравени пациенти од кои 24 во Скопје, осум во Куманово, по седум во Гостивар, Пехчево и Крива Паланка, шест во Прилеп, пет во Гевгелија, по четворица во Дебар и Виница, тројца во Кавадарци, по двајца во Тетово, Радовиш и Кочани, и по еден во Штип, Струга, Битола, Пробиштип и Свети Николе.

Починати се седум лица, од кои двајца пациенти од Струмица на 52 и 62 години, еден 54-годишен пациент од Дебар, 53годишна пациентка од Штип, 66 годишна пациентка од Прилеп, 66-годишен пациент од Кочани и еден 23 годишен пациент од Свети Николе.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 780, бројката на оздравени пациенти е 13 949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Во Скопје – 6585, активни 584, Куманово – 1698, активни 207, Дебар – 276, активни 36, Штип – 1232, активни 63, Прилеп – 618, активни 131, Тетово – 1381, активни 173, Струга – 647, активни 62, Велес – 309, активни 36, Битола – 272, активни 65, Охрид – 405, активни 47, Кавадарци – 215, активни 33, Гостивар – 907, активни 110, Гевгелија – 107, активни 60 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица – 175, активни 106, Крива Паланка – 96, активни 31, Радовиш – 71, активни 23, Крушево – 20, активни 3, Кочани – 264, активни 104, Пробиштип – 104, активни 22, Демир Хисар – 61, активни 2, Македонски Брод – 91, активни 12, Пехчево – 42, активни 11, Берово – 84, активни 26, Валандово – 17, активни 8, Виница – 98, активни 24, Делчево – 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово – 24, активни 4, Свети Николе – 316, активни 19, Кичево – 311, активни 38, Ресен – 160, активни 13, Неготино – 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 552 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -128, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-17, Синлаб-69, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) Од кои во Чаир – 63, Гази Баба – 74, Аеродром – 86, Карпош – 70, Центар – 78, Кисела Вода – 52, Ѓорче Петров – 38, Бутел – 33, Шуто Оризари – 17, Студеничани – 11, Сарај – 16, Арачиново – 9, Илинден – 15, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 3, Петровец – 6, Зелениково – 2, шест страци и двајца нераспределени.

 


Вести

Нови 594 случаи на КОВИД-19, оздравени 162, починати три лица

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица. Како што соопшти […]

Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*