Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица


Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.



Од вкупниот број новодијагностицирани пациенти во Скопје се 479, Прилеп 84, Битола 83, Гостивар 63, Велес 59, Тетово 58, Куманово и Струга по 52, Охрид 49, Штип 45, Кавадарци 42, Гевгелија и Кочани по 33, Кичево 31, Струмица 29, Делчево 22, Дебар 20, Неготино 18, Свети Николе и Ресен по 13, Крива Паланка и Радовиш по 12, Пробиштип-10, Кратово 7, Крушево-5, Берово, Валандово и Виница по 4 и Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево по 2.

Меѓу регистрираните 679 оздравени пациенти од Скопје се 266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и Неготино-8.

 

Од починати 22 лица, седум пациенти се од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), по двајца од Штип (81 и 78г) и од Велес (72 и 73г) и по еден од Куманово (79г), Струга (77г), Охрид (87г), Гостивар (71г), Струмица (67г), Крушево (71г) и Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, а останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 28368, активни 10477
  • Куманово 3893, активни 886
  • Дебар 487, активни 122
  • Штип 2784, активни 523
  • Прилеп 3231, активни 1031
  • Тетово 3963, активни 974
  • Струга 1559, активни 466
  • Велес 2117, активни 725
  • Битола 2256, активни 942
  • Охрид 1718, активни 594
  • Кавадарци 1358, активни 523
  • Гостивар 2708, активни 996
  • Гевгелија 799, активни 263 (60 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 140 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 1785, активни 568
  • Крива Паланка 461, активни 139
  • Радовиш 456, активни 118
  • Крушево 141, активни 76
  • Кочани 1285, активни 246
  • Пробиштип 378, активни 95
  • Демир Хисар 205, активни 76
  • Македонски Брод 177, активни 49
  • Пехчево 104, активни 19
  • Берово 395, активни 102
  • Валандово 227, активни 66
  • Виница 383, активни 142
  • Делчево 495, активни 229 (146 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 163, активни 43
  • Свети Николе 866, активни 226
  • Кичево 1331, активни 475
  • Ресен 492, активни 200
  • Неготино 646, активни 337 (91 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

– Направените 3399 теста се преку: ИЈЗ-1220, ЦЈЗ Скопје-64,  Авицена-303, Биотек-248, МАНУ -221,  Жан Митрев (Филип Втори)-182, Систина со PCR метода -180, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-61, Инфективна клиника-9, ГАК-11, Синлаб-74, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -715, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид -19, информира Министерството за здравство.