Регионална конференција за конфискација и управување со одземен имот


– Во организација на Балканската интер-агенциска мрежа за управување со одземен имот (БАМИН), во соработка со Министерството за правда организира годишна Регионална конференција за најдобри практики во сферата на конфискацијата и управувањето со одземен имот, што денеска и утре ќе се одржи во Скопје.

Целта на конфеенцијата е да ја промовира размената на добри практики помеѓу земјите членки на ЕУ и членките на БАМИН, но и да ја спроведе Пленарната сесија на БАМИН за 2018.

Дискусиите ќе се фокусираат на темите поврзани со складирање и продажба на одземените и конфискувани средства, како и управување со средства на компании. Учесниците ќе имаат прилика да ги проследат излагањата на ЕУ експерти од Белгија, Бугарија, Ирска, Италија и Холандија во однос на можностите и оперативните предизвици при воспоставувањето на ефективна Канцеларија за управување со одземен имот, од перспектива на јурисдикциите во земјите членки на ЕУ кои неодамна го заокружиле процесот или се во фаза на воспоставување на вакво тело.

БАМИН мрежата е составена од релевантните владини агенции од земјите од Западен Балкан одговорни за управување и понатамошно процесирање на средства и имот одземени со кривични постапки при борбата со различни видови на криминал. Оваа година со БАМИН претседава Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот на Република Македонија.

Воведни обраќања на конференцијата, како што најавуваат организторите, ќе имаат Оливер Ристовски, заменик-министер за правда, Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, и Џил Томас, претставник на Секретаријатот на БАМИН.

– Значењето на оваа средба за борбата против организираниот криминал и корупцијата во регионот е дополнително нагласено со присуството на Фредерик Пиерсон, шеф на Бирото за управување со криминално стекнат имот во ЕУРОПОЛ, кој ќе им се обрати на регионалните претставници за време на затворена сесија, велат организаторите на конференцијата.

БАМИН е мрежа составена од државни агенции за управување со одземен имот од регионот на Западен Балкан, основана во 2014 година за време на тематска конференција во Приштина.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*