Реакција од група Македонски научници во однос на континуираните бугарски негирања на посебноста на Македонскиот народ и јазик


Како македонски научни работници – проучувачи на македонската историја, култура, книжевност и на македонскиот јазик, најенергично реагираме на најновите оспорувања и негирања што доаѓаат од страна на бугарските политички претставници.

Особено со индигнација ги отфрламе обидите за прикажување на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, како личност која треба да биде дел од т.н. споделена или заедничка македонско-бугарска историја. Гoце Делчев е мaкедoнскa истoрискa личнoст чие дејствување претставува емaнaцијa на македонската ослободителна борба водена од многу генерации сè до создавањето слободна македонска држава. Посегнувањето по овој македонски великан значи бришење на мaкедoнскиoт aтрибут вo нaрoднaтa мемoријa и историја. Исто така, најостро ги отфрламе и безобѕирните невистини за македонската историја и за македонскиот јазик изнесени во објаснувачкиот меморандум на Р Бугарија. Овој меморандум  е антицивилизациски преседан и политички чин на притисок и омаловажување на македонскиот народ и директно оспорување на неговото суверено право на самоопределување и на изразување на сопствниот идентитет.

Токму затоа одговорно и непоколебливо, пред целата македонска и светска општествена и научна јавност, би сакале да истакнеме дека се засегнати македонската историска содржина и правото на интегритет и суверенитет на Македонците. Развитокот на македонскиот народ оди длабоко во историската вертикала и е резултат на историските процеси од антиката, па сè до денес. Тој развој се одвива со векови, исто како и кај другите народи, а го карактеризира борбата за опстојување на територијата на која живее, за зачување на народниот јазик, за создавање национална книжевност и култура, како и на посебна црква и држава. Конечно, сите овие заложби се заокружуваат со националноослободителната војна и со првиот АСНОМ во 1944 г., кога се поставуваат и темелите на македонската државност.

Со тоа се создаваат услови за основање национални научни и образовни институции во Република Македонија, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонската академија на науките и уметностите, националните институти за историја, за фолклор, за македонски јазик, за македонска литература, па сè до поновите високообразовни институции како што е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и др. Научната мисла што се развива во нив се надоврзува на делата на македонските преродбеници и интелектуалци од XIX и од XX век. Како резултат на тоа, во изминативе речиси осум децении се создадени огромен број научни дела за историскиот развој на македонскиот народ, за неговиот идентитет и јазик, за неговата култура, кои се верификувани и признаени и во меѓународните научни кругови. Во таа смисла, формирањето комисии врз основа на политички билатерални договори не може да има научна легитимност и не треба да има пресудно влијание врз академската, но и врз пошироката јавност во Република Македонија.

Оттука, сметаме дека заемното почитување на разликите и на спецификите во идентитетот, историјата, културата, јазиците и во традициите е основа за добрососедство и заедничко разбирање на сите држави, вклучувајќи ги и Република Македонија и Република Бугарија. Историското ракување на двата народa, македонскиот и бугарскиот, не треба да значи проблематизирање на посебните вредности што се создавани во текот на изминатите векови. Во XXI век e апсурдно политички претставници и институции воопшто да се занимаваат со  прашања што се во доменот на науката затоа што е во целосна спротивност со демократските и вредносните начела на современата цивилизација.

Уште еднаш нагласуваме дека историјата на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, неговата култура не смеат да бидат основа за политички диктат. Идентитетските прашања за македонскиот народ, како и за кој било друг народ, имаат суштинско значење и неограничена вредност и во однос на нив не треба да има никакво отстапување!

 

Скопје, 19 .9.2020 г.

 

Потписници:

 

д-р Тодор Чепреганов

д-р Наташа Котлар-Трајкова

д-р Михаило Миноски

д-р Новица Велјановски

д-р Илија Велев

д-р Јован Донев

д-р Митко Панов

д-р Лилјана Гушевска

д-р Маја Ангеловска-Панова

д-р Симона Груевска-Маџоска

д-р Наде Проева

д-р Валентина Миронска-Христовска

д-р Нада Јурукова

д-р Елка Јачева-Улчар

д-р Вера Лалчевска

д-р Стефан Влахов-Мицов

д-р Ѓорги Чакарјаневски

д-р Славчо Ковилоски

д-р Никола Жежов

д-р Катерина Младеновска-Ристовска

д-р Теон Џинго

д-р Веселинка Лаброска

д-р Снежана Веновска-Антевска

д-р Гоце Цветановски

д-р Силвана Сидоровска-Чуповска

д-р Васил Јотевски

д-р Стојко Стојков

д-р Коста Аџиевски

д-р Бранислав Светозаревиќ

д-р Александар Атанасовски

д-р Виолета Ачкоска

д-р Константин Миноски

д-р Владимир Трајковски

д-р Михајло Поповски

д-р Тони Филипоски

д-р Драгица Поповска

д-р Билјана Ванковска

д-р Лидија Ѓурковска

д-р Марјан Ивановски

д-р Васко Дукмеџиев

д-р Габриела Топузовска

д-р Мишо Нетков

д-р Ицо Најдовски

д-р Соња Николова

д-р Верица Јосимоска

д-р Драган Ѓалевски

д-р Ѓорги Сајкоски

д-р Невена Трајков

Алдо Климан, писател


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

1 Comment

  1. ВИЕ СТЕ ВИСТИНСКИ НАШИ МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ ДА СТЕ ЗДРАВИ И ЖИВИ ДАВИ Е ЖИВА ФАМИЛИЈА И МАКЕДОНИЈА дададе господ да цркнат предавниците ЗАЕВИСТИ КОМУЊАРИ

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*