Распишан јавниот повик на Град Скопје за субвенции на инвертери



Градот Скопје наскоро ќе објави повик за субвенции за инвертер клима уреди - МИА

Скопје, 3 јули 2020 () – Град Скопје денеска го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Согласно условите на овој јавен повик се отвора можноста за над пет илјади граѓани на Град Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62 илјади денари во нето износ.

Како што беше соопштено на прес-конференцијата на Градот, сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своите домаќинства и кои немаат приклучок или можност да се приклучат на централното греење во објектот каде ќе биде инсталиран уредот имаат право да учествуваат на овој повик. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на самиот барател.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот, а тоа е 30 ноември 2020 година или до денот на исцрпување на средствата од самата субвенција за кое Градот дополнително ќе извести.

– Новитет оваа година е условот граѓаните доброволно да ја достават и тоа без надоместок постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут, на локацијата која дополнително ќе им ја соопштиме. Овие субвенции се дел од мерките предвидени во планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на стратегијата за климатски промени на Град Скопје, посочија на прес-конференцијата.

Согласно многубројните истражувања што Град Скопје ги направи за квалитетот на воздухот во градот, најголемото учество во емисијата ПМ10 и ПМ 2,5 честичките има затоплувањето на домовите каде нема централно греење. Ова, како што велат од Градот, се јавува пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки.

– Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите на граѓаните. Со субвенциите за овие уреди создаваме услови за поголем број граѓани да се одлучат да инвестираат во нов начин на греење со кои ќе се намали загадувањето на воздухот, ќе се намалат трошоците за греење, а ќе се подобри и нивото на комфорт и удобност во нивните домови, посочија од Град Скопје.

Заради кризата со пандемијата Ковид-19 и зголемениот интерес на граѓаните за овој вид субвенции оваа година пријавувањето ќе се одвива по електронски пат. Повеќе детали во врска со начинот на апликација, условите и потребните формулари за пријавувањето може да се најдат на официјалната страна на Градот.

Заради парламентарните избори, исплатата на средствата ќе започне да се реализира по официјалното завршување на изборниот процес.


Нови 37 случаи со Ковид-19, 251 оздравени, шест починати - МИА
Вести

Нови 186 позитивни на коронавирус, 85 оздравени и седум починати лица

Скопје, 17 септември 2020 () – Во изминатите 24 часа се регистрирани 186 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.674  тестирања. Во истиот период регистрирани се и 85 оздравени, но и седум починати лица. Министерството […]

Ѓоргиев: Делчев може да се слави од двете страни, нова средба на комисијата на крајот на месецов - МИА
Вести

Ѓоргиев: Бугарскиот меморандум не е во функција на постигнување успех на заедничката комисија

Скопје, 17 септември 2020 () – Барањата и ставовите на Софија длабоко ги еродираат заложбите за добрососедство, а едностраните и исклучиви оценки може да ја направат беспредметна и работата на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски […]

Во Бугарија, Софија е жариште на епидеммијата - МИА
Вести

Нови услови од Бугарија за преговорите со ЕУ

Скопје, 17 септември 2020 () – На шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија, Бугарија испрати објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*