ПСМ Фондација организира бизнис предизвик за лица од 18 до 30 години со грантови за започнување бизнис



ript>

псм фондација

Скопје, 10 септември 2020 () – ПСМ Фондација организира бизнис предизвик во рамки на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“ наменет за лица од 18 до 30 години од Источна Македонија.


 

Целта на предизвикот е да се овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнист, а трите најдобри бизнис планови ќе добијат грантови по 2.000 долари за да креираат сопствен бизнис.

– Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи, што на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе, претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата, соопшти Фондацијата.

Бизнис предизвикот се состои од три фази: Вебинар – вовед во креирање бизнис и изработка на бизнис план, Менторство – секој учесник индивидуално ќе добие онлајн менторство од експерти за развој на бизнис, Бизнис план натпревар – секој учесник ќе аплицира со разработен бизнис план.

Сите заинтересирани лица можат да се пријават на следниот линк , со краток опис за сопствена бизнис идеја. Пријавувањето е најдоцна до 15 септември 2020 година.