Прво приватно здравствено осигурување со покритие на болничко лекување поради ковид-19


Периодот зад нас, кој го одбележа пандемијата со ковид-19, покажа дека во тешки времиња најголем предизвик е да се зачува токму она што е највредно: човечкиот живот и здравјето. Здравјето е најголемо богатство поради што здравствената заштита треба да биде еден од главните приоритети во животот на секоја личност.


 

Честопати не сме задоволни од задолжителното здравствено осигурување бидејќи не може да ги задоволи сите наши потреби – брзината на добивање на посакуваната услуга, изборот на лекар или институција или соодветна нега. Од друга страна, доброволното здравствено осигурување е идеално решение бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во споредба со задолжителното здравствено осигурување.

Лекувањето во приватните здравствени установи е побрзо,  но ве става на високи трошоци. Со CROCARE пакетите на Кроација можете да бидете поспокојни кога е во прашање највредното нешто што го поседувате: целосно ослободени од трошоците.

Кроација осигурување е единствената компанија на македонскиот осигурителен пазар, која ги препознава и им излегува  пресрет на потребите на клиентите во време на пандемијата на ковид-19, а најголема потреба е онаа за лекување на ковид-19 во приватните здравствени установи на територијата на Македонија. Заштитата на здравјето и борбата со овој непредвидлив вирус се исклучително важни, а, за жал, токму оваа особина неретко предизвикува потреба од лекување во болнички услови.

Покритието за болничко лекување на ковид-19 може да се склучи како дополнителен ризик во рамките на CROCARE пакетите за семејно и колективно осигурување, односно осигурителна заштита за семејството или од страна на компаниите за своите вработени. Покритието е наменето за лица над 18 години што примиле две дози вакцина, или лице на возраст над 18 години, кое не било вакцинирано, но му била изречена мерка за изолација / решение при што до моментот на хоспитализација поради ковид-19 поминале најмалку 30 дена од денот на престанокот на мерката изолација. Во пакетот за колективното осигурување, осигурената сума изнесува до 5.000 евра, која зависи од просечната старост на колективот, додека кај семејното осигурување изнесува 5.000 евра за целото семејство во годишен агрегат.

За повеќе информации јавете се на 15 599 или испратете е-порака на zdravstveno@crosig.mk.