Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел во посета на земјава



– Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска  ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара за новата методологија на преговарање, како и за текот на реформскиот процес.

Претседателот Стево Пендаровски ќе биде домаќин на првиот човек на Европскиот совет, кој во земјава ќе допатува од Тирана. Пендаровски и Мишел попладнево ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот на Европскиот совет, пред околу еден месец во интервју за неколку европски весници, оцени дека до мај, кога ќе биде одржан Самитот ЕУ-Балкан во Загреб, треба да биде јасно како ќе изгледа реформата на ЕУ и дали тоа би било формален услов за согласност за Унијата да ги почне преговорите со Македонија и Албанија.

Шарл Мишел

Посетата на првиот човек на Европскиот совет, доаѓа десетина дена откако во Скопје допатува еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, кој ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и најави дека повторно ќе биде побаран почеток на преговори за Северна Македонија, за што ќе одлучува Советот во март. Вархеји, исто така, потенцираше дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела изјави дека овие шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК до крајот на месецот се очекува да излезе со новата методологија за проширување, но вчера портпаролката на Комисијата Ана Писонеро ги потврди гласините дека извештајот за новата методологија на преговорите нема да биде објавен на 29 јануари како што се очекуваше.

Писонеро порача дека ЕК никогаш официјално не соопштила дека извештајот ќе се објави на 29 јануари и потврди дека нема да има извештај на тој датум. Очекувањата во дипломатските кругови во Брисел се дека методологијата ќе се објави една недела подоцна, на 5 февруари.

Извештајот за новата преговарачка методологија на ЕУ во процесот на проширување е еден од неформалните услови побарани од страна на Франција, услов кој го поддржуваат и низа други земји членки на ЕУ.

Таа додаде дека во пресрет на состанокот на шефови на држави и влади на ЕУ и Западниот Балкан во Загреб во мај ќе биде објавен и економски инвестициски план за Западниот Балкан чија цел е да се „интензивира присуството“ на ЕУ на Балканот, процес кој ќе им биде од корист на двете страни.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]