Прв македонско-бугарски ветеринарно-медицински конгрес

Во организација на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија и Бугарскиот ветеринарен сојуз, денеска и утре во Струмица ќе се одржи првиот меѓународен македонско-бугарски ветеринарно-медицински конгрес.

Конгресот се организира по потпишувањето Меморандум за соработка меѓу коморите на двете земји во 2018 година и е прв собир во коорганизација на две ветеринарни комори во поширокиот регион. Целта е  размена на сознанија и искуства меѓу докторите по ветеринарна медицина од двете држави, размена на најновите научни и стручни достигнувања за справување со болести кај животните кои имаат влијание на здравјето кај луѓето или предизвикуваат огромни економски штети во сточарството, утврдување стратегии за спроведување епидемиолошки мерки, осигурување здравствено безбедна храна за луѓето, благосостојба на животните, заштита на природната средина и промовирање на ветеринарно-здравствената професија и нејзиното општествено значење како национално и меѓународно јавно добро.

За конгресот, кој се очекува да го отвори министерот за земјоделство Љупчо Николовски, се пријавени над 130 учесници од Бугарија. Ќе присуствуваат и еминентни професори од нашата земја со свои излагања, директорот на Платежната аенција, Никола Бабовски, како и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во работата на конгресот ќе учествуваат и директорот на Бугарската агенција за безбедност на храната, д-р Дамјан Илиев, кој воедно е и еден од предавачите, како и деканот на Факултетот за ветеринарна медицина при Софискиот универзитет, проф. д-р Богдан Аминков. 


Бизнис

Фондот за Западен Балкан додели грантови за 24 проекти

Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан во Тирана ја одржа дводневната партнерска работилница и церемонијата за доделување на грантови од 24-те победнички проекти од вториот повик на ВБФ. На настанот присуствуваа високи претставници од министерства за […]

Вести

Протест на жителите на Гази Баба против преселбата на Центарот за зависности во нивната населба

Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, во населбата Маџари. Учесниците на […]

Вести

Марш за Денот на параплегијата и дистрофијата во Скопје

Денот на параплегијата и дистрофијата денеска беше одбележан со марш организиран од Националниот сојуз на лица со попреченост „Мобилност“, под слоганот „Силата не е во чекорењето, силата е во издржливоста!” Неколку години по ред, секцијата […]