Министерот за надворешни работи и актуелен Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денес со свое обраќање ќе го отвори најзначајниот меѓународно-политички настан во македонската историја – 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ.
Според агендата, воведно обраќање на отворањето ќе има и премиеротв Димитар Ковачевски како и претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит.
На маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ, Османи ќе одржи повеќе билатерални средби.
Во рамки на Министерскиот совет, пак, ќе се одржат и неколку тематски придружни настани, меѓу кои и потпишување на Декларација за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација на која покрај министерот Османи, свои потписи ќе стават и министрите за надворешни работи на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, Ивица Дачиќ, Елмедин Конаковиќ, Филип Ивановиќ и Игли Хасани.
Покрај тоа, ќе се одржат и настани посветени на обезбедување на одговорност и враќање на притворените украински цивили, како и адресирање на влијанието од климатските промени врз безбедноста на луѓето.