Од Министерството за правда информирааат дека Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите по изврешн надзор во неколку градови констатирала пропусти.
„Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата,Берово, Крушево, Кратово и Куманово при што ги констатираше следните состојби :
-Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС;
– Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност;
-Недоволен број на информатичари во судовите;
-Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми;
-Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели;
-Тонското снимање главно не функционира;
Ова како што велат од ресорното министерство, се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.
Министерството за правда известува дека и во наредниот период ќе остане да биде транспарентно и ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.