Промовирана „Мартин Крпан-дипломат и воин“ од амбасадорот Милан Јазбец


Во Домот на култура „Илинден“, во истоимената Општина во рамките на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, беше промовирана книгата „Мартин Крпан-дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во нашата земја.

За авторот и значењето на оваа книга која што е објавена на македонски, албански и руски јазик промотивна реч одржа проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци од книгата читаше Сузана Тодоровска.

Во своето обраќање пред присутните Николовска истакна дека проф. д-р Јазбец е пријател на народите и културите.

-Тој не учи како да си подадеме рака еден кон друг преку мудрост, но како пред се да си подадеме рака себе си како индивидуи, но и како култура. Културната мисија на Милан Јазбец е мисија за респект, за пример, за јавно признание кое го заслужува. Тој е дипломат на доброто, во креацијата е врвен дипломат, сосема скромен, пристапен, пред се човек со кој ќе се чувствувате пријатно, опуштено, природно и човечки, истакна Николовска според која ова е една од најубавите и најдобрите книги.

За тоа како настана ова дело кое предизвика голем интерес, на присутните им се обрати и авторот Јазбец.

Балкан

Будимпешта: Балканските држави заслужуваат шанса за членство во ЕУ

Европската унија им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата, изјави во Стразбур европратеникот од редовите на унгарската партија Фидес, Балаж Хидвеги, додавајќи дека проширувањето на Балканот е клучна […]

No Picture
Вести

Нормализиран сообраќајот на патот Катланово-Велес

Сообраќајот на патот А1 Катланово – Велес е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти од 14:50 часот, откако беше расчистен одронот на делот од патот кај манастирите, информира Автомотосојузот на Македонија. Во тек […]

Вести

Институт „Крсте Мисирков“: Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо. Во реакцијата Институтот […]