Проф. Котлар: На денешен ден пред 122 години во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло

На денешен ден пред 122 години во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло, македонски деец и револуционер, прв секретар на Покраинскиот комитет на КПМ и член на Коминтерната. Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ.

Карактеристично е неговото пишување, дека : „Мaкедонската нација се создала исторически, а неје плот на оваи или онаи… Макeдонскиот нарот води вејке 50 години организирана борба за своето постојувајне и така, Maкедонците сет отделена националност со свои јазик, култура, економическо и географическо цело исторически создадено со револуциона борба, со македонско национално освободително движеније.“ Според, архивските материјали на некогашната Коминтерна, тој е Македонец.

Шарло се смета за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија своевремено го признале постоењето на македонскиот народ. Тој е еден од водачите на ВМРО (Обединета), а потоа и водач на комунистичкото движење во Македонија. Неоправдано обвинет дека во почетокот на НОБ (1941) ја присоединил македонската партиска организација кон Бугарската работничка партија и дека ги спроведувал нејзините ставови во oднос на Македонија, неговото име и активност долго време во повоениот период, се под превезот на контраверза за која не се говори јавно. Дури во 2005 година на научениот собир организиран во МАНУ, тој е рехабилитиран како македонски борец и патриот.

Неговите погледи и размислувања најдобро се изразени во неговото писмо од мај 1941 г., во кое меѓу другото, пишува: „Драги Стојане… Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски. Овој факт нас нè интересуе како Македонци, који половина век сме се бореле како Македонци за национално и политичко ослобождение, како последователи на водачите и основачите на македонската внатрешна организација на чело со Гоце Делчев, Јане Сандански, Гјорче Петров, Пере Тошев и Димо Хаџи Димов… Јасно е како бел ден, оти македонците не се борат за да имат свој попови и даскали, биле тие бугарски, арнаутски или влашки. Македонците се борат за своја национална и политичка слобода. Некој македонци-врховисти сакајат да кажат оти борбата на македонците е свршена со окупацијата на Македонија од страна на германски, италијански и бугарски војски.

Дали е това истина. Не е и не може да биде, затоа што Македонија не доби национална и политическа слобода. Денеска не само Македонија, ами целио Балкански Полуостров (без турска Тракија) е окупиран од армиите на две големи империјалистички држави: Германија и Италија, со прилепените бугарски војски. Голем дел од Македонија има веќе бугарска администрација… На Македонците не се дава чиновничка служба, дури немат право да бидат селски кметови. Со право се праша секој честен Македонец: „Каква ли е оваја слобода, штом Шумадинците се заместени со Бугарија, а Македонците се држат под карантина“… Едно време беф ти пишал, оти Македонците нема ништо да спечалат од една империјалистичка војна, а ти во тија зборови се сомневаше… Како во нашио град, така туку речи во сите градови на Македонија се создадоа македонски комитети. Во тија комитети влегоја испечени врховисти, а негде и искрено мислешти и веровашти Македонци… Со други зборови беја испратени тутори, за да не би Македонците нешто да згрешат… Праша што да се чини.

Одговор е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и рамноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ. За таја своја слобода и рамноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците и Црногорците на балканскио полуостров, затоа што судбината денеска им е еднаква.“
[Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, т. 2, УКИМ, Скопје, 349-352]

Вести

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; […]

Вести

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е […]

Вести

Нов пакт меѓу Франција и Германија

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА. Потпишувањето […]

Вести

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори Во овој случај обвинети се […]

Вести

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис […]

Балкан

Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави […]

Интересно

Муралите на Универзитетот Нотрдам ќе бидат покриени поради политичка коректност

Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните […]

Интересно

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада. На официјалната страница на ресторанот […]

Интересно

Неуспешен обид за Гинисов рекорд (ФОТО)

Дечково испратил официјално барање до канцеларијата на Гинисови рекорди во Њу Јорк да пратат свои претставници кои би го забележале неговиот рекорд. Се пофалил дека може да го запамти бројот pi до две цифри. И […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*