Проф. д-р Никола Јанкуловски: Во изминатиот период неосновано беше нападнат од одредени поединци


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во изминатиот период неосновано беше нападнат од одредени поединци, за жал членови на академската заедница на УКИМ, при што беа изнесени груби невистини, лаги и паушални толкувања на важечките закони, и притоа бев обвинет за наводно узурпирање на академската слобода и притисоци врз вработените на Универзитетот за нивно членство во синдикатот на УКИМ.



Една од моите обврски како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е да водам грижа за материјално-финансиската состојба на сите вработени на УКИМ и да изнаоѓам начини за подобрување на истата. Во таа насока беше и споделувањето на информацијата која потекна од Министерството за образование и наука за ветеното зголемување на платите, како и за итната потреба истото да се реализира со потпишување на колективен договор на ниво на универзитети.

Колективното договарање во јавниот сектор се врши помеѓу основачот и соодветните синдикални организации. Во конкретниот случај и според член 220 од Законот за работни односи, поединечен колективен договор за јавните претпријатија и јавните установи склучуваат основачот или органот кој тој ќе го овласти и репрезентативниот синдикат кај работодавачот. Поточно, договорна страна со која репрезентативниот синдикат формиран на универзитетот треба да склучи колективен договор не е работодавачот – универзитетот, туку Собранието на РСМ.

Оттаму, неосновани се наводите и нападите кон ректорите на универзитетите, бидејќи тие не се спротивставена страна на универзитетските синдикати во колективните преговарања и договарања. Напротив, тие се предводници пред основачот кој ги обезбедува платите на вработените на универзитетите, вклучително и на ректорите.

Правото на здружување е едно од основните човекови права и слободи. Оттука, со индигнација ги отфрламе сите обвинувања за притисоци врз вработените во високото образование во насока на синдикално организирање и здружување.

На денешната средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми и ректорите на јавните универзитети во РСМ нѝ беше соопштено дека техничката влада во овој момент се враќа на првобитниот став, предложен од ректорите, ова зголемување од 10 % да се реализира со измена на соодветен закон. Исто така, договорено е во меѓувреме новоформираните синдикални организации на универзитетите да продолжат со нивните активности. Синдикатите на универзитетите како самостојни, демократски, независни и непартиски организации на членови кои доброволно се здружиле заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси, ќе продолжат активно да делуваат на подобрувањето на условите за работа и стандардот на вработените во високото образование.

На крајот, би сакал да ја поздравам одлуката за основање на синдикални организации на вработените во јавните универзитети. За мене како вработен на УКИМ непоимливо е одредени поединци да се спротивставуваат на волјата и правото на здружување на своите колеги заради остварување на права и заштита на колективните интереси.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]