Проект за поддршка на лицата со оштетен вид


Проектот за поддршка на лицата со оштетен вид во земјава, што содржи образовна, здравствена и социјална компонента е петгодишен проект инициран и финансиран од УСАИД и Интернационалната фондација Лајонс Клуб со вкупен буџет од околу 1,1 милион долари. Основани се пет ресурсни центри во Скопје, Тетово, Штип, Битола и Велес, каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава и се едуцираат преку учебници напишани на Брајово писмо. Во изминатите четири години изведени се повеќе од 30.000 скринизни на очи кај млади деца. Целта на проектот е децата да бидат вклучени во редовните активности и во секојдневниот живот.

Ова беше истакнато на денешната тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементацијата на проектот за поддршка на лицата со оштетен вид.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми рече дека интенцијата е овој проект да нема временска рамка. Посочи дека во ресурсните центри се реализирани обуки на повеќе од 200 наставници, едукатори за работа со овие деца. Тој информираше дека Црвениот крст основал Центар за лица со оштетен вид каде се реализираат сертифицирани курсеви за ИТ вештини, англиски јазик, работилници за вештини за ориентација и мобилност и социјализација.

– Одлучивме дека проектот треба да продолжи и денес сме овде да најавиме дека ќе продолжи да се имплементира и во периодот што следи, затоа што интересот е голем, резултатите се видливи и ќе се обидеме да ги одржиме со тоа што понатаму институциите на системот меѓу кои и Министерството за образование и наука ќе преземе дел од надлежностите, ќе ги интензивира активностите, а дел од нив ќе се обидеме да ги инкорпорираме во законските решенија и тие да станат системски во делот на образовната компонента на овој благороден и инклузивен проект, рече Адеми.

Гувернерот на Лајонс Дистрикт-Скопје, Соња Бојаџиева бенефитите од проектот ги гледа пред се во превенцијата, раната детекција и срининг на деца со можност да имаат некакво заболување, како и рано лекување на овие деца и нивна инклузија во редовните училишта.

Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека работат на формирање на неколку нови програми, и како што кажа, веќе до крајот на оваа година ќе биде активна програмата за ран скрининг на видот на децата.

Министерка за труд и социјална политика Мила Царовска посочи дека поддршката на лицата со попреченост ја прават на неколку нивоа.

– Првата мерка во однос на поддршка на семејствата е дека даваме можност семејствата да имаат скратено работно време или еден од родителите. Досега сумата беше навистина мала и ја зголемивме на 50 проценти од просечната плата. Дополнително, секој родител кој ќе се реши дека во својот живот ќе се грижи за своето дете со попреченост, до неговата 26 година и нема да го смести во ниедна институција ќе добие право на пензија од осум илјади денари што е минимална пензија во државата без да има ниту еден ден работен стаж на своја 62 или 64 година и тоа е директно вложување во семејствата, но и превенција од институционализација што е најстрашната работа што може да му се случи на едно дете, рече Царовска.

Како што информира, 100 лица користат лична асистенција што се обезбедува како право што е регулирано со закон.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли посочи дека во изминатите четири години, заедно сите индивидуалци и организации што се вклучени во партнерството извеле повеќе од 30.000 скринизни на очи кај млади деца.

– Пред пет години, УСАИД и Фондацијата Лајонс клуб ги здружија силите да им помогнат на локалните институции и заедниците да ги детектираат и спречат очните аномалии кај децата и да ги зголемат шансите за образование за лицата со оштетен вид, потсети Бејли.

Проектот започна во 2014 година и се имплементира преку Универзитетот на Југоисточна Европа.


Вести

Снимки и нови нови материјални докази на „Рекет”

–  Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец кој […]

Вести

Собранието се распушти, отворен патот за избори на 12 април

– Собранието едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Претходно распуштањето на Парламентот беше најавено за 12 февруари, но претседателот на […]

Вести

Течат роковите за спроведување на изборите на 12 април

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, течат роковите за нивно спроведување. Државната изборна комисија на вечерва одржаната седница го усвои Роковникот за […]