Проект за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор



Проект за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор - МИА

Скопје, 17 мај 2020 () – Владата ја овласти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, како назначен претставник за комуникација со Зелениот климатски фонд – Focal Point, да го потпише писмото без приговор за Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава и во рок од една недела од Информацијата за потребата од издавање на писмото, која е усвоена на денешната владина седница, да го достави до Светската банка и Министерството за финансии.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на проектот е да ја намали потрошувачката на енергија во јавниот сектор и да го поддржи развојот и имплементацијата на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор.

-Проектот ги вклучува следните три компоненти: Вкупниот износ на Проектот развиен од страна на Светската банка се очекува да достигне вредност од 64 милиони долари, од кои преку Зелениот климатски фонд се очекува потенцијално финансирање од 10 милиони долари во вид на грант средства. Предложениот предлог-проект кој треба да обезбеди дополнителни средства во вид на грант од Зелениот климатски фонд ќе биде дел од Проектот за да помогне во зголемувањето на почетниот капитал и капацитет за воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност во државата, соопшти прес-службата на Владата.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]