Продолжува меѓународната научна конференција во Институтот за македонски јазик

institut-za-mk-jazik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови денесака ја продолжува дводневната осма Меѓународна научна конференција, годинава на тема: „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.

Годинава на конференцијата се пријавени 110 учесници, од кои повеќе од 50 се странски и се дојдени од: Албанија, Босна и Херцеговина, Полска, Србија, САД, Хрватска, Црна Гора и Чешка.


Конференцијата се одржува во три паралелни сесии. Покрај традиционалните теми – словенско ракописно наследство, дијалектолошки, граматички, лексиколошки, стилистички, социолингвистички истражувања, носечка тема на годинашната конференција е 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков.

Отворените денови, кои почнаа на 26 јуни и завршуваат утре, годинава се во знакот и на 70 години од основањето на Институтот, 80 години од првиот час на македонски јазик во кичевското село Подвис, 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK