Притвор за осомничените за киднапирање на државјанка на Италија​ во Охрид


Хотелиерите од Охридско-струшкиот регион подготвени за работа во новонастанатите околности…Уште само да дојдат гости!? - МИА

Охрид, 6 јули 2020 () – Основниот суд во Охрид одреди осумдневен притвор на две лица на возраст од 19 и 20 години, осомничени дека на 3 јули 2020 година противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на државјанка на Република Италија.

– Првоосомничениот, кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се оддалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од  Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода, стои во соопштението од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по осум дена.

За двајцата постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*