При онлајн купување додатоци во исхрана, да се провери дали производот е одобрен од АХВ


Граѓаните да внимаваат при купување на прехранбени производи преку интернет и да вршат проверка особено на производите како додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите, апелираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Потрошувачите може да проверат дали одреден производ кој планираат електронски да го набават, е одобрен од АХВ, а со тоа е и безбеден за употреба на интернет страната на Агенцијата www.fva.gov.mk, во Регистарот на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана и Регистар на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба.

Според анализите на Одделението за спречување на измами со храна при АХВ, во овој период исклучително е популарна продажба на храна за спортисти, која покрај регистрирани увозници и трговци нелегално се продава и преку социјалните мрежи.

– Ваквите производи покрај тоа што претставуваат нелојална конкуренција на легалните домашни производители, увозници и трговци, сериозно може да го загрозат здравјето на граѓаните. Апелираме до потрошувачите да се воздржат од набавка на овој тип храна преку социјалните мрежи, каде таа најчесто нелегално се нуди и продава, се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ апелираат граѓаните да ја пријават секоја нелегална продажба на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]