Презентиран планот 18 на Владата пред потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски



ript>

На барање на Заменик Претседателот на Владата на Р. Македонија Бујар Османи, беше реализирана средба со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, координаторот на пратеничката група Драган Данев и советникот на претседателот за надворешна политика Тимчо Муцунски.


 

На средбата од страна на Заменик претседателот на владата Османи и претставниците на Секретаријатот за европски прашања беше презентиран Планот 18 кој владата има намера да го реализира наредниот период.

ВМРО ДПМНЕ на состанокот изрази сериозни забелешки во однос на реализација на реформите од претходниот План 3-6-9 потенцирајќи ги потфрлањата во сите суштински области. Практично и немаше област во претходниот план каде што целосно и навремено беа реализирани преземените обврски, а поголемиот дел од пропустите беа забележани и нотирани и во нон-пејпр документот објавен во медиумите.

ВМРО ДПМНЕ ја истакна загриженоста од општо распространетоста на корупцијата и немањето волја на владата да се бори со организираниот криминал во сопствените редови, факт кој што катастрофално се одрази и на паѓањето на Македонија на листата на меѓународната Транспарентност. Проблемите во судството не само што не се надминаа, туку истото по завршување на последниот дел од планот стана максимално клиентелистичко, а самиот премиер почна да ги најавува пресудите. Подеднакво лоша е состојбата и со партизирањето на јавната администрација, кој од 3 во 6 па се до 9, во континуитет регресираше. Партиската делегација ја потенцираше и катастрофалната економска ситуација и лошите политики кои ги води владата, а кои ризикуваат да предизвикаат долгорочни штети по државата и стандардот на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ ја пренесе пораката дека ваквите планови не смее да се третираат како ПР алатка на власта која би служела само за дефокусирање на јавноста од актуелните проблеми, туку дека мора да се реализираат суштински реформи кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Во тој контекст беше изразен сомнеж во капацитетите и волјата на актуелната влада да ги реализира преземените обврски.