Презентиран Петтиот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК



Реформите  во медиумската сфера не мрднаа од мртва точка и неизвесно е кога и дали воопшто ќе се случуваат и во која форма, беше истакнато на презентацијата на Петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.  За септември и декември 2019 година од аспект на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се наведува дека и покрај препораките и барањата на експертската и граѓанската јавност, изборот на нови членови на програмскиот Совет на МРТ од страна на Собранието останале целосно закочени, како и дека најверојатно тоа  нема да се промени до одржување на предвремените парламентарни избори и формирање нов парламентарен состав.  Во презентирањето на извештајот Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар, рече дека во овој период АВМУ ги има усвоено годишните програми и планови за 2019 година. Додаде дека Агенцијата планира за годинава поголеми приходи од лани за речиси два процента, односно над 138 милиони денари.  – Најголема приходна ставка е државниот буџет, а ќе бидат пренесени и вишок средства од минатите години во висина од над 12 милиони денари. Според финансискиот план, највисоки расходни ставки во 2020 година ќе бидат платите кои зафаќаат 40 проценти од буџетот и интелектуалните и другите услуги 19 проценти, или вкупно 59 проценти од буџетот на Агенцијата. Споредено со минатата година, ставката за плати е зголемена за 19 проценти, додека ставката за надоместоци за членовите на Советот е намалено за 50 проценти, изјави Бејкова.  Во 2020 година, рече таа, АВМУ покрај другите законски надлежности планира да продолжи со своите активности во насока на поттикнување на медиумската писменост и слободата на изразување, социјалната инклузија, како и јакнењето на редакциската култура и независноста на уредувачката политика и свесноста за важноста од почитување на професионалните стандарди кај медиумските професионалци.  Мониторингот покажува дека Комисијата на  АЕК, како што информира Горан Лазаров, проектен менаџер во ЕвроТинк – Центар за европски стратегии, одржала осум состаноци, биле спроведени 13 јавни набавки, организирани шест јавни расправи и објавени 20 соопштенија, но бил одржан и вториот јавен состанок на Агенцијата.  Во однос на перформансите, според финансискиот план за работа за 2020 година, предвидени се приходи и расходи со еднаква сума од 504.600 денари да се потрошат, а надоместоците за користење на радиофраквенција околу 80 проценти од вкупниот приход на Агенцијата предвидени се да доаѓаат од таа ставка.  – Можеме да констатираме на нивната страна најголем дел од документите и податоците кои што АЕК требаше да ги објави беа објавени. Освен новиот дизајн, не можеме да видиме некоја клучна промена во поглед на опширноста на информациите кои што се поставени таму. Во овој квартал можеме да посочиме дека записниците од состаноците на Комисија на АЕК се недетални и содржат значително помалку информации отколку во претходниот период. Во поглед на ефективноста и независноста, АЕК ги објави извештаите за развој на пазарот на електронските комуникации за третиот и четвртиот квартал и за цекокупната 2019 година, рече Лазаров.  Според измените во финансискиот план за 2019 година, дополни, беше предвидено 6 милиони и 150 илјади денари, повторно беше крената ставката за донации, нешто што во минатото беше спорно бидејќи милионски суми беа вложени во работи кои што не беа поврзани со електронските комуникации и што е најважно транспарентноста на објавувањето на тие податоци не беше на највисоко ниво.  Лазаров посочи дека до Комисијата на АЕК од шест пристигнати барања за донации биле одобрени три барања за Универзитетот на Југоисточна Европа, Меѓународниот балкански универзитет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Додаде дека во записниците од состаноците не се наведени никакви информации за намената на овие донации, ниту пак, колку средства ќе бидат доделени.  Тој потенцираше и дека А1 Македонија со 49,33 отсто и Македонски Телеком со 48,16 отсто од вкупниот број корисници се уште претставуваат дуопол на пазарот на мобилната технологија.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]