Превентивно-едукативна акција „Безбедни училишта – безбедни првачиња““


Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) ќе спроведува акција „Безбедни училишта – безбедни првачиња“ која почна денеска во ООУ „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар, а во наредните два месеца ќе се реализира во 50 училишта во повеќе од 30 општини.

Целта на акцијата, како што информираат од РСБПС, е оспособување на децата од прво одделение за безбедно движење до училиштето и назад до својот дом, сообраќајна едукација и нивна поголема видливост во сообраќајот. За таа цел 4.000 првачиња ќе добијат безбедносни флуоресцентни елечиња.

Покрај флуоресцентни елечиња, во рамки на превентивната акција ќе бидат организирани и едукативни предавања, со цел едукација и запознавање на децата-првачиња со основните правила и прописи во сообраќајот.

Едукативните настани ќе бидат надополнети со повеќе сообраќајно едукативни материјали – боенки, распоред за часови, сообраќајна лектира и друг едукативен материјал. Главниот „јунак“ на настаните ќе биде маскотата „Кучето пази“, кое има за задача да им пренесе на децата „тајни“ и корисни совети за тоа како безбедно да учествуваат во сообраќајот, каде смеат и каде не смеат да играат, како да ја поминуваат улицата и што треба да прават кога се возат во автомобил.

– Децата се нашата иднина и нашето најголемо богатство. Детската љубов нема граници, ниту пак нивниот живот има цена. Се грижиме за безбедноста на децата во сообраќајот, тоа е наша привилегија, наша обврска и наш заеднички приоритет – потенцираат од РСБСП и Триглав Осигурување, во најава на новата сообраќајно превентивна акција, насловена како „Безбедни училишта – безбедни првачиња“, велат од РСБСП.

Сообраќајната култура, етиката и навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмала возраст., потенцираат од РСБСП.

– Единствено преку континуирана едукација, преку силни и континуирани сообраќајно превентивни и едукативни кампањи, наменети пред сѐ за децата, може долгорочно и трајно да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата. Токму тоа е целта на акцијата „Безбедни училишта – безбедни првачиња“. Фокусот на оваа акција се токму најмалите, тие кои се најранливи, најнебезбедни, но и најподготвени брзо и ефикасно да учат и да го применуваат тоа што го научиле, се додава во соопштението од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата.

Од Советот апелираат за безбедно и одговорно учество во сообраќајот, особено во близина на училишта и градинки и на сите останати места, каде има зголемено учество на децата во сообраќајот.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]