Претседателот на МД „Илинден“ – Тирана се сретна со претседателот на МАНУ



– Претседателот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај, беше во посета на Македонската академија на науките и уметностите, МАНУ во Скопје,пренесува електронското издание на весникот „Илинден“.


 

Според истиот извор, Ѓурѓај се сретнал со претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев и со академик Витомир Митевски.

-На средбата се разговараше за состојбата на Македонците во Република Албанија и за активностите на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана. Претседателот на Друштвото и подари на Академијата примероци од сите 43 броја на весникот „Илинден“, што излегува од февруари 2011 година во Тирана и е достапен на интернет-страницата на весникот, наведува весникот.

Се додава дека раководството на Друштвото ќе продолжи со активностите за „воспоставување, проширување и унапредување на соработката со значајни институции во матичната земја, Македонија“.