Преку проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“, стипендии за средношколци со помал просек


– Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), преку проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“ ќе доделат пет целосни стипендии за новата сезона обуки.



Како што соопшти тимот на Џолев и уметностите и Институт за дизајн и технологија, секој средношколец со просек под 3.9, ќе може да аплицира за целосна стипендија најдоцна до 2 март 2021, приложувајќи свидетелство од последната година и мотивациско писмо на линкот.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко интервју, а стипендистите ќе бидат објавени најдоцна до 8 март, на официјалната веб-страна на школата.

– „Образованието е повеќе од просек 5.0“ е проект започнат во 2016 година, којшто има за цел да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на образованието е тие да бидат препознаени и правилно насочени, изјавија од школата.