Ева Таво, ќерка на Ванѓел Таво, поранешен пратеник и поранешен министер за здравство во Албанија, е загинатата девојка во несреќата на патот Тетово-Скопје.
„Ова се најтешките зборови што сум ги напишал во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавата возраст, каква што беше и самата. Погребот ќе се изврши во четврток на 30 ноември во 11:00 часот во Јоргукат, Ѓирокастро“, напиша Ванѓел Таво на Фејсбук.
Веста ја потврдија и од МВР.
„На 28.11.2023 година во 14:00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во правец од Тетово кон Скопје, во реонот на с.Лласкарце, патничко возило „Ауди“ со Албански регистерски таблички, кој го управувал албанскиот државјанин В.М.(40), излетал од патот. Од здобиените повреди во незгодата на лице место починала сопатничката Е.Т.(24) од Р.Албанија, додека лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Во меѓувреме, возачот на В.М е тешко повреден“, соопшти македонското МВР.