Пожарот во скопски Илинден е надвор од контрола, се шири кон Куманово

pozar-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарот во скопски Илинден е надвор од контрола.


Ниту три воздухоплови не може да ги изгасат пламените јазици.

Според последните информации од терен, огнот може да биде закана и за Куманово.

„На едниот крак дејствува ер трактор на ДЗС, а на вториот, полошиот крак, дејствуваат два хеликоптери на МВР. И покрај тоа не можевме да воспоставиме контрола. Со механизација е направено и забраздување, т.н пресеци за да се спречи ширењето на пожарот надвор од оваа линија. Тука има и доброволци од Свети Николе и локално население. Заедно ќе се обидеме да го спречиме огнот, да не може да продолжи нагоре, бидејќи ќе тргне во насока кон Куманово. Може да дојде до уште посериозни димензии“, рече првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK