Повторно патнички летови од аеродромите во Скопје и Охрид


Повторно патнички летови од аеродромите во Скопје и Охрид - МИА

Скопје, 1 јули 2020 () – Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид од денеска се отворени повторно за патнички летови, по паузата од средината на март како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19.

На двата аеродрома се применуваат нови протоколи според препораките од Комисијата за заразни болести.

Првите полетувања од скопскиот аеродром се претпладне за Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн, а ги реализира Виз Ер, додека првите слетувања се од Истанбул на авиокомпаниите Туркиш ерлајнс и Пегасус.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, стартува со летови попладне за кога се предвидени полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.

Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам.

Поради новите протоколи за работа е на патниците им се препорачува да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред времето за полетување, за да имаат доволно време да ги завршат  процедурите.

Од ТАВ Македонија велат дека според новите мерки  за  заштита од коронавирусот патниците задолжително треба да почитуваат  три правила – постојано да носат заштитна маска, постојано да одржуваат безбедно растојание и високо ниво на лична хигиена.

-Од влезот во терминалната зграда, се до качувањето во авионот, нашата цел е целосно да го избегнеме физичкиот контакт меѓу нашите вработени и патниците. Во терминалната зграда смеат да влезат само оние лица кои ќе покажат валиден авионски билет (испечатен или на телефон), но не и нивните пријатели или членовите на нивните семејства кои дошле да ги испратат. На влезот ќе ги дезинфицираат рацете и чевлите, по што со термална камера ќе им се мери телесната температура. Доколку немаат покачена температура, ќе може да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Сите овие процеси ќе се одвиваат без физички контакт со вработените, односно патниците ќе им ги покажат билетот на нашите агенти преку транспарентна преграда и лично треба да го регистрираат својот пасош на фиксираниот читач на шалтерите, рече во интервју за Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според протоколите, забрането е патниците да седат еден до друг во аеродромските чекалници, зоните за заминувањa (Departures), пристигнувањa (Arrivals) и излез (Gates) и затоа на тие места седиштата се специјално обележани за да се одржи безбедното физичко растојание.

 

 

 

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*