Повреден вработен во фирма ангажирана од ЕВН Македонија!


На 14.05.2018 година околу 15.00 часот, М.Р. (50) од Македонски Брод,  вработен во фирма која била ангажирана од ЕВН Македонија за монтирање ормари на ограден sид од куќа, се самоповредил.  М.Р., поставувајќи електричен кабел, со клештите предизвикал спој и се здобил со повреда, односно изгореници на двете дланки.


 

Му била укажана лекарска помош во гостиварската болница.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.