Повик за изразување интерес на млади кои сакаат да бидат дел од Гаранцијата за млади


Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија ја започнува реализација на проектот Гаранција за млади. Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која  се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година.

Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од 4 месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди Гаранција за млади. Во оваа пилот фаза за имплементација на програмата се вклучени општините од Град Скопје, Општина Струмица и Општина Гостивар. Оваа мерка е отворена за сите млади лица на возраст до 29 години кои се невработени, веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет) и не се пријавени во АВРМ.

Во секоја од општините (Град Скопје, Струмица и Гостивар) кои се вклучени во имплементацијата се ангажирани по двајца теренски работници кои имаат основна задача да им ја претстават Гаранцијата за млади на младите лица и да им го помогнат процесот да пристапат до Агенцијата за вработување.

Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив. Кариерните советници од Агенцијата за вработување и теренските работници поминаа низ процес на учење составен од обуки за кариерен развој на млади како и учење за добрите практиките со кои Европските држави се служеле во текот на имплементацијата на програмата. Поради оваа причина, младите лица кои се заинтересирани за вклучување во оваа програма може да се обратат директно до теренските работници кои понатаму ќе ги упатат до соодветниот центар за вработување.

За Општина Аеродром задолжени се теренските работници: Елисавета Булоска и Мила Карадафова.

Доколку сте заинтересирани за вклучување во Гаранцијата за млади пополнете ја оваа форма и теренските работници од вашата општина ќе ве контактираат. Исто така теренските работници за Општина Аеродром  може да ги контактирате телефонски на 078 517 189 или 078 370 987. За дополнителни информации обратете се на info@nms.org.mk .

Проектот „Гаранција за млади“ се спроведува од Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија, а е финансиски поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје.


Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

– Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Припадниците на Армијата нема да бидат […]

Вести

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

– Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*