Потврден прв случај на корона вирус во земјава, надлежните тврдат дека нема причина за паника


Жена од Скопје, родена во 1970 година, е првиот потврден случај со коронавирус во земјава. Пациентката, која одреден период престојувала во Италија, а допатувала преку граничниот премин Табановце превезувајќи се со комбе во кое имало уште неколку лица, моментно е на интензивна нега во Одделот за изолација на Инфективната клиника. Свесна е, ориентирана и дише нормално.

Како што соопштија попладнево министерот за здравство Венко Филипче, д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје и премиерот Оливер Спасовски нема простор, ниту причина за паника. Ситуацијата е под контрола, постојано се следи, а институциите се подготвени за брза реакција и ги преземаат и сите неопходни мерки според меѓународните протокли.

Филипче, Сапсовски и Караџовски апелираа граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и да се однесуваат одговорно. Да не се шири дефетизам, посебно не на социјалните мрежи. Воедно повикаа, компаниите и институциите да не им дозволат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа зашто тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот.

Во однос на заштитните маски, министерот Филипче нагласи дека тие претставуваат само дополнителен ризик за здравите луѓе и дека е најдобро да ги носат болните. Целта на маските е да се спречи пренесување на која било зараза. Тој потсети и дека коронавирусот се шири, пред се, респираторно, преку кивање и кашлање, но и преку нечисти раце.

– Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација и соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажаа дека еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија. Непосредно по влегувањето во земјава, директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт не претставувала опасност за пренесување на болеста, рече Филипче.

Министерот најави дека сите што биле во комбето со пациентката ќе бидат соодветно тестирани, а анализи ќе се спроведат и кај членовите на нејзиното семејство кое ја превезло од Табановце до Инфективната клиника. Сите, исто така, ќе бидат ставени во 14-дневна изолација. Деталите за нивната состојба ќе бидат соопштени на следната прес-конференција во Владата, закажана за 20 часот.

Упатувајќи смирувачки тонови, д-р Караџовски рече дека едно позитивно лице не претставува ризик за населението. Тој објасни и дека пациентката со коронавирусот била внесена на Инфективната клиника од посебен влез, а и движењето во Клиниката било низ посебни ходници. Всушност, биле спроведени соодветните процедури и постапки.

– Граѓаните може да бидат мирни, зашто ништо не не изненади. Медицинските служби се 24/7 подготвени да дејствуваат и за само половина час можат да направат екипа, напомена Караџовски.

И според премиерот Спасовски, ситуацијата е под контрола. Пациентката со корона вирусот е третирана согласно сите препораки.

– Институциите се подготвени да реагираат веднаш. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките на Министерството за здравство. Во овој момент е многу важно свеста кај сите да биде на високо ниво во однос на препораките, но и во однос на одговорното однесување, посебно на социјалните мрежи. Да не не поведуваат емоциите наместо разумот и да не оставаме простор за панични реакции пред она што е реално, истакна Спасовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој напомена дека јавни собири и други случувања на отворен простор засега не се забранети, ниту има причина за тоа. Одлуки во однос на овие и слични прашања ќе се носат на дневна основа, зависно од текот на случувањата.

Обезбедени се, информира премиерот, и соодветни објекти, како и простории за дополнителна изолација, ако за тоа евентуално се јави потреба.

Претходно, денеска министерот Филипче рече дека случај со коронавирус засега од регионов има во Хрватска, а денеска беше потврден и првиот случај во Грција. Во Албанија корона вирус, како што рече Филипче, се уште нема, а од Косово  се чекаат информации.


ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]